-->
-->
Што предвидува протоколот за Ф-1
-->
Првиот човек на Формула 1 Чејс Кери рекол дека доколку некој од возачите биде позитивен на Ковид-19 тогаш на неговото место ќе вози резервниот возач. Кери порачал дека нема да се откажуваат доколку има позитивни тестови на коронавирусот.
Сезоната во Формула 1 ќе започне на 5 јули првата од двете трки во Австрија. Засега во календарот се потврдени осум трки, односно календарот е стокмен до средината на септември.
„Доколку некој има позитивен тест тоа нема да значи и откажување на трката. Ќе ги охрабриме тимовите да имаат процедури доколку некој биде позитивен. Тој ќе биде ставен во карантин, ќе може да го ставиме во хотел, а тимот ќе може да ја искористи можноста да вози замената за тој возач. Доколку некој тим не може да се трка тоа нема да значи дека трката ќе биде откажана“, рекол Кери.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата