Што остана на местото по страотната несреќа во која настрада новинарката Сузана Т. Павловска
Возилото „опел“ со кое синоќа беше усмртена новинарката Сузана Тодоровска Павлова веќе е отстрането.
Скршените скали, излогот, бетонот сведочат за силината на ударот но и за брзината со кое се движело возилото управувано од 37-годишниот Б.Б.
Синоќа околу 20,00 часот во Скопје на ул.„Васил Ѓоргов“, се случила сообраќајна незгода во која Б.Б.(1978) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Опел“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Сузана Т.П.(50) од Скопје која од здобиените повреди починала на местото на настанот.
Со повреди се здобиле возачот на возилото Б.Б. и сопатничката Ј.П.(33) од Скопје, кои се пренесени во УЦ-Скопје. Увид е извршен од страна на екипа од СВР-Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Фото: Фејсбук
Ново на Сител
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен