Што ако на автомобилот смрзне? Еве неколку совети
Проблем со ниските температури имаат и возачите, посебно оние кои возат автомобили со дизел мотор. Неретко се случува автомобилот тешко да пали или воопшто да не пали. Со неколку едноставни трикови, тоа може да се избегне.
Ниските температури им сметаат и на автомобилите. Непријатните звуци никој не сака да ги слуша. Причина - кристали. И тоа оние кои доаѓаат од парафинот.
- Во самиот довод на гориво се ствара парафин кај многу ниските температури, тој се таложи и едноставно дотокот на гориво се затвара, да не се прави парафин се би било во ред, вели автомеханичарката Ирена Петир.
Ако автомобилот замрзне не е крај на светот. Со едноставни трикови, можете брзо да го продолжите возењето. Во принцип би требало да го загреете автомобилот, значи да го ставите на некое топло место, да го промените филтерот на гориво, ставете свежо гориво, вели автомеханичарката Ирена.
Еден од начините на кои можете да го решите замрзнувањето во вашиот резервоар е во него да ставите адитив кој ќе го спречи смрзнувањето на горивото.
Возачите на бензинци, се сигурни при ниски температури.
- Ладното време кај бензинците влијае само на акумулаторот и ништо повеќе, останатото ако има антифриз, ако е како што треба барем до минус 20 нема да има проблем со ништо, вели Ирена
Без разлика на тоа колку е ладно, правилното оддржување може да ве спаси од големи маки, но и од додатно несакани трошоци.
Ново на Сител
-
Израел ги проширува воените операции и окупира делови од Газа
-
Келог: Конфликтот во Украина е на работ на примирје, но потребен е договор
-
Неврологот од Гостивар кој ја менува политичката сцена | Арбен Таравари | Sitel Podcast 087
-
Политико: Маск наскоро ќе се повлече од челното место во ДОГЕ, се враќа на бизнисот
-
Руте: Целосно сум убеден дека НАТО ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од Алијансата
-
Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до државите кои помогнаа по трагедијата во Кочани
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата