Штипските текстилни компании ги сошија првите 1.000 заштитни маски
Сошиени се првите 1.000 заштитни маски од страна на работничките од штипските конфекции. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска посети две текстилни фабрики, каде што е почнат процесот на шиење.
–Бев во две текстилни фабрики лично да се заблагодарам на сопствениците и секако на текстилните работнички и работници кои покажаа висока свест преку нивната секојдневна работа да помогнат на докторите, полицајците, пожарникарите, пензионерите, граѓаните. Веќе од денеска започнуваме со распределба по нашите институции, вели Бочварски.
Општина Штип вчера обезбеди материјал за 20.000 заштитни маски, кои почнаа да ги шијат три текстилни компании „Ларс“, „Вабо“, „ЕАМ“, а од денеска се приклучија уште две текстилни компании станува збор за „Албатрос“ и „Дик Фагус“ кои ги ставија на располагање дел од своите капацитети како помош во шиењето на заштитните маски. Маските можат да се употребуваат повеќе пати.
Ново на Сител
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник
-
Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот
-
Иницијативата на ЗЕЛС за општокорисна работа помина на Влада: Кои се следните чекори на работната група?
-
Уставните судии неодлучни – дали зголемениот праг за независните листи се уставни?
-
700 „фантоми“ се уште се невидливи за државата: 13-годишно девојче конечно доби извод
-
Преглед на вестите од светот
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции
-
35 апликации од општините за финансирање проекти од државниот буџет