Штипските пожарникари ова лето имале околу сто интервенции на отворено
Петпати повеќе интервенции се регистрирани ова лето во општините Штип и Карбинци за разлика од лани. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев вели дека пожарникарите речиси 100 пати интервенирале на пожари на отворено.
Според него, ова лето бројот на пожари е рекорден, а со тоа и бројот на интервенции на штипските пожарникари.
-Ова лето бројот на интервенции беше зголемен за пет пати повеќе за разлика од претходните периоди, ова лето имаме рекордни пожари, од кои некаде околу 90 до 100 пожари имавме на отворен простор, изјави Коцев.

Тој истакна дека со намалување на дневните температури се намалува и бројот на пожари, но тоа, како што вели, не значи дека е намален и обемот на работа. Додаде дека се интервенира и во сообраќајни несреќи, повици од страна на граѓаните и слично.
-Периодов има уште интервенции, не се како во летниот период, сега се во помал број, но сепак интервенции имаме секојдневно, додаде Коцев.
Тој истакна дека дел од интервенциите се реализирани и како помош на останатите општини кои имале потреба од тоа. Во оваа прилика апелираше до граѓаните да бидат одговорни и да не палат оган на отворено, со цел да не се појавуваат пожари на отворено кои може да остават огромни последици и материјални штети. Дополнително апел упати и до земјоделците да не ги палат стрништата.
Ново на Сител
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
