Штипскиот универзитет и Врховниот суд потпишаа меморандум за соработка
Претседателката на Врховниот суд на Република Македонија, Лидија Неделковска и ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, Блажо Боев денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој на студентите од Правниот факултет ќе им се овозможи практична настава во овој суд.
Претседателката на Врховниот суд, Неделковска истакна дека потпишувањето на договорот за соработка го цени како чекор напред за продлабочувањето на обарзованието на студентите, односно идните професионалци во правната наука.
- Врховниот суд ја препознава потребата од симбиозата меѓу правната наука и правната пракса. Токму затоа со искрено задоволство го потпишав овој договор, меморандум за соработка, со надеж дека нашето учество, односно на судиите на Врховниот суд ќе придонесе за подобрување на разбирање на законите од страна на студентите, на оживотворувањето на законот, бидејќи она што студентите го учат на факултетот е она што само го пишува во законите. Меѓутоа примената на законите можат да ја дознаат само доколку ја разбираат праксата, која ние ќе им ја приближиме, вели Неделковска.
Прашана во која насока ќе одат реформите во судската власт, Неделковска рече дека тие подолго време се одвиваат и периодично во зависност од потребата каде треба да се унапредат.
- Јас се надевам дека веќе ги препознавме потребите за понатамошни реформи, особено во делот на унапредување и заштита на независноста на судството, како што еве во последно време се повеќе се зборува, рече Неделковска.
Ректорот на УГД-Штип, Боев истакна дека универзитетот има една единствена цел, а тоа е да се обезбеди квалитетно образование за студентите, а токму овој договор тоа ќе им го овозможи на студентите од Правниот факултет.
- Овој договор овозможува на студентите од нашиот Правен факултет да добијат можност, односно алатка да бидат присутни во нашите највисоки судски органи, во таа независна власт, каде што ќе можат да учат, каде што ќе го надополнуваат своите знаења, а од друга страна да дојадат еминетни правници, судии од Врховниот суд да го пренесат своето знаење на студентите.
Претседателката на Врховниот суд, Неделковска денеска ги отвори и „Деновите на симулирани судења“, во кои учествуваат студентите од сите Правни факултети во земјава.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на црногорското Собрание, Андрија Мандиќ
-
Зеленски го потпиша буџетот за 2025 со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност
-
Мицкоски: Добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници во Судскиот совет
-
Претседателката на Судскиот совет Дамева реагира на обвинувањата за продолжување на мандатот
-
Индија тестираше балистичка ракета од нуклеарна подморница
-
Сиљановска Давкова – Милативиќ: Да се интензивира економската соработка
-
Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-
Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила