Штипскиот универзитет го распиша конкурсот за Еразмус програмата
Штипскиот универзитет го распиша конкурсот за Еразмус плус програмата, што на студентите ќе им овозможи наставата еден семестар да ja следат или да имаат практична работа на некој од 200 универезитети во Европа, со кои универзитетот има потпишано договори за соработка.
Сања Стефановска од Центарот за меѓународна соработка на денешната прес-конференција рече дека од јануари наредната година 85 студенти можат да бидат дел од оваа програма.
- Тоа значи дека 60 студенти за студентска мобилност и 25 студенти за студентска пракса ќе можат да заминат во еден од универзитетите-партнери во Европа. Оваа програма преставува една од најуспешните иницијативи на Европската комисија и оваа година одбележува 30 години од постоењето на Еразмус плус програмата, а вкупно девет милиони студенти заминале на Еразмус плус програмата во изминатите 30 години, вели Стефановска.
Таа истакна дека студентите сите потребни информации за да конкурираат можат да го најдат на веб страницата на универзитетот, но имаат и посебна веб страна, а аплицирањето е до 20-ти октомври. Апелира студентите да аплицираат, а за наредните две години се обезбедени вкупно 160 места, доколку им се потребни и дополните информации можат да ги посетат во канцеларијата на Центарот за меѓународна соработка
- Ние како универзитет на студентите им доделуваме стипендија во зависност во која земја заминуваат изнесува 450 или 500 евра месечно, а додека за пракса стипендијата изнесува 600 евра.Ние ги плаќаме тие средства 70 отсто пред да заминат и 30 отсто откако ќе се вратат отаму. Еве за мотивација и охрабрување ќе им биде доделен и Еразмус пријател или личност која ќе ги згрижи во првиот месец, ќе им биде доделен ментор, рече Стефановска.
Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип на 3 октомври ќе организира отворен ден „Еразмус плус освежување“, на кој што заинтересираните студенти ќе можат да се информираат, но и да ги слушнат искуствата на нивните колеги кои веќе биле дел од студентската размена преку Еразмус плус програмата
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек