Штипскиот театар со „Лазаревото писмо“ гостува во велешки театар
На сцената на велешкиот театар „Јордан Х.К.-Џинот“ во понеделник вечер ќе гостува театарот од Штип со претставата „Лазаревото писмо“ од Живко Чинго, во режија и адаптација на Љупчо Ѓоргиевски.
Како што информираат од велешкиот театар, претставата е адаптација на истоименото дело на Живко Чинго, во кое дејството се случува во шеесетите години на минатиот век, време со кое режисерот нашол аналогна врска со денешното.
Bо претставата настапуваат актерите Владимир Тулиев, Милорад Ангелов, Пеце Ристевски, Виктор Арев, Ефтим Трајчов, Гаурски, Ангелка Нашкова, Марија Минчева, Елена Шорова, Надица Петрова, Марија Димитрова, Никола Стефанов, Никола Кузелов, Нела Ангелова и Емилија Ристевска.
Автор на музиката е Марјан Неќак, костимите се на Андреј Ѓоргиевски, а сценографијата на Благој Мицевски.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за европски прашања
-
Има ли начин да се подобрат односите Скопје-Софија?
-
Коридорот 8 од железничката пруга продолжува со градба, брзата пруга за Солун е приоритет
-
Ќе има ли реално поевтинување на основните производи со ограничените маржи?
-
Стружани бараат затворање на казината
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски трошел во ресторани а земјоделците чекале субвенции
-
Системот „Безбеден град“ се проширува, казни на домашна адреса засега ќе нема