Системот „Безбеден град“ се проширува, казни на домашна адреса засега ќе нема
Сообраќајните прекршоци регистирани од камерите на МВР засега нема да се казнуваат. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вели дека системот се уште се надградувал, паралелно се работело и на законите кои ќе дозволат фотографирање и испраќање на казните на домашна адреса.
„За жал тоа ќе биде подолг процес од оној кој што очекував во рамки на техничката влада дека за одредено кратко време ќе можеме да го имплементираме. Ќе ни треба малку подолго време заради тоа што овие претходно не оставиле во сотојба каква што не оставиле, но ќе сториме се што е во наша можност за да максимално брзо и ефикасно ги ставиме во функција овие технолошки системи кои ги нуди 21 век. Се надевам дека за максимално краток временски период колку што дозволуваат сите оние потребни чекори кои треба да ги преземе во иднина во делот на техничка имплементација на проектот, особено во делот на правна легислатива и организациона поставеност ќе ги спроведеме“, изјави Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи.
Системот познат како „безбеден град“ засега покрива сообраќајници во Скопје, Куманово и Тетово. Од денеска, видео надзорот е проширен и во Кавадарци.. 200те камери поставени од локалната власт за заштита на урбаната опрема и зголемување на безбедноста, од денеска ќе ги користи полицијата.
„Истите камери, сега се префрлени со меморандум за соработка со ОВР Кавадарци каде што полицијата превентивно во почеток ќе сиделува со камерите во превенција на заштита на нашите жители. Тоа значи дека со камерите нашата полициска станица и нашите службени лица ќе можат превентивно да делуваат и да ги видиме сите критични точки и нашите сограѓани, учесници во сообраќајот да бидат побезбедни, а криминалитетот да биде на најсниско ниво“, изјави Митко Јанчев, Градоначалник на Кавадарци.
Дека системот од камери е во функција иако не и за сообраќајни прекршоци, веќе информираше МВР.
Први казни заработија полицајци кои за да не пишат казна побарале кеса пијалоци.. Неофицијално, тестирањето на камерите, открило над 5 илјади сообраќајни прекршоци на улиците во Скопје во период од само два часа.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар