Штипскиот градоначалник најави отварање на Градската бања „Кежовица“
Штипскиот градоначалник, Иван Јорданов најави отварање на Градската бања „Кежовица“, која поради пандемијата подолг временски период е затворена за граѓаните. Тој истакна дека отварањето е на барање на граѓаните и веќе се бара стручно мислење и протоколи како да се отвори Градската бања „Кежовица“.
-Во план сме до крајот на месецов да направиме посебни протоколи и ограничувања за да ја ставиме во функција бањата „Кежовица“. Ова е традиција и општо добро за сите граѓани, вели Јорданов.
Тој денеска беше во штипската населба Ново Село, каде што најави и дека решавањето на проблемот со колекторската цевка во оваа населба ќе почека за догодина.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција обвини дека претходната власт набавила цевки, за кои, какошто рече се импровизација и гол популизам пред локалните избори.
Јорданов забележа дека стручните служби на ЈП „Исар“ за решавање на овој проблем на жителите на Ново Село за наредната година предвиделе 4,5 милиони денари, а поставувањето на новите цевки ќе биде напролет.
Инаку жителите од оваа населба поради отворената колекторска цевка, која поминува под мостот на реката Брегалница се изложени на заразни болести, но и се чувствува неподнослива реа од фекалиите. Набавените несоодветни цевки ќе бидат или вратени, или јавните претпријатија ќе направат компензација со други цевки или материјали, кои им се потребни за инфраструктурни проекти.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија