Штипски „Исар“ од утре ги доставува тужбите за неподмирените долгови
Штипското комунално претпријатие „Исар“ до средината на тековниот месец инкасирало околу осум милиони денари или 128.000 евра од домаќинствата и фирмите. Финансискиот менаџер на ЈП „Исар“ – Штип Соња Лонгурова вели дека зголемениот прилив на средства се должи и на опомените што се доставени до граѓаните и фирмите заради неплатени долгови за потрошена вода.
– Во овие средства влегуваат и оние граѓани кои редовно си ги плаќаат сметките, но може да се забележи дека приливот е зголемен и сме задоволни што поголем дел од граѓаните избираа да си ги подмират долговите, отколку да бидат тужени, вели Лонгурова.
Досега се склучени и над 30 договори со граѓани, кои сакаат долгот за потрошена вода да си го платат на рати.
Лонгурова е децидна дека оние кои нема да си го подмират дологот или нема да склучат договор ќе бидат тужени. Тужбите веќе од утре ќе бидат доставени до нотарите.
МИА и претходно објави дека до декември 2018 година долгот на домаќинствата изнесува 25 милиони, а на фирмите 22 милиони денари. ЈП „Исар“ има и дополнителни 88 милиони денари стари побарувања за кои се водат судски спорови или веќе има извршни решенија. Околу 75 отсто од граѓаните и фирмите во Штип редовно си ги плаќаат сметките за вода.
Ново на Сител
-
Притвор за две лица од Струга за опожарување возило на охриѓанец
-
Пленковиќ: Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември
-
Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд
-
Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“
-
Се срамев од својот глас и не сакав да станам пејач | Александар Тарабунов | ПРОфесија | Sitel Podcast 071
-
Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска