„Штипската Пастрмајлијада“ завршува со концерт на Јелена Розга

Штипските угостители се презадоволни од големиот број на гости и туристи кои викендов присуствуваат на манифестација „Штипска Пастрмајлијада“. Улиците и тротоарите во градот се исчистени по концерите на Дивље Јагоде и на балканската мега звезда Лепа Брена кои многубројната публика ја забавуваа до раните утрински часови, информира портпаролот на општина Штип, Драган Ристов.
- Организацијата со јавните претпријатија и полицијата одлично функционира, немаме никакви инциденти, тоа значи дека луѓето се забавуваа и уживаа во штипскиот бренд, изјави Ристов.
Тој истакна дека вечерва со концертите на Тања Савиќ и на Јелена Розга завршува 11-тото издание на манифестација „Штипска Пастрмајлијада“. Гостите кои вечерва ќе присуствуваа на манифестацијата имаат обезбедени бесплатни паркин простори, а цената на штипската пастрмајлија на секој штанд чини 120 денари.
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
