Штипската Клиничка болница нема проблеми со греењето
Во штипската Клиничка болница (КБ) нема проблеми со греењето. Директорот на болницата Александар Стојановски изјави дека се набавени дополнителни количини на нафта и грејни тела, кои се ставени во функција со цел на пациентите и на персоналот да им биде топло на овие минусни температури.
- Спрема планот и дадените препораки, штипската болница набави дополнителни количини на нафта, набавени се и дополнителни грејни тела. Преку ден и навечер работи парното. Воедно во рамките на Акциониот план има и забрана за користење на годишни одмори за лекарскиот персонал, се забранува одење на едукации во овој период заради тоа што постојат можности за зголемени здравствени проблеми кај населението, во насока на трауми, епидемии, вели Стојановски.
Тој истакна дека поради грипот деновиве се пристигнати, односно набавени дополнителни количини на лекарства меѓу кои и лекот Тамифлу. Препорачува пациентите со хронични заболувања да ја користат терапијата, која им е дадена од матичниот лекар.
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари
-
Уапсен Ејуп Рустеми
-
Се шири истрагата за пожарот во „Пулс“