Штипската Клиничка болница доби нов апарат за уво, нос и грло
Нов фибероскопски апарат за преглед на горните дишни патишта, денеска е пуштен во употреба во Одделението за уво, нос и грло во Клиничката болница во Штип.
Емилија Лозановска, лекар-специјалист на Одделението за уво, нос и грло изјави дека со новиот апарат за десет минути, безболно и без анестезија ќе можат да постават точна дијазноза на пациентот, односно дали станува збор за трет крајник, синуси или карцином на гласните жици.
- Апаратот ни дава видео снимка, што значи дека не е статична слика, а со тоа гледаме движење на самите гласилки и секоја патолошка промена. Прегледот е безболен, па нема потреба од анестезија и нема возрасно ограничување, истакна Лозановска
Таа посочи дека со примената на новиот апарат ќе можат да добијат и видео материјал за третиот крајник и за гласните жици.
- Сега можеме точно да си го визуелизираме третиот крајник. Досега не бевме во можност да се визуелизира, дававме само симптоматска дијагноза, а знаеме дека тоа е многу битно во детската возраст за индикација за операција, рече Лозановска.
На штипското Одделение за уво, нос и грло неделно се вршат од шест до седум операциски зафати. Операционата сала е солидно опремена со апартура, а во план е набавка и на нови софистицирани апарати со цел пациентите од источниот регион да добијат врвна медицинска услуга.
Ново на Сител
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-
Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-
Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-
Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија