Македонија
27. March 2025 - 16:33

Штипска Апелација утре ќе одлучува за притворите на екс градоначалниците на Кочани

Апелациониот суд во Штип утре ќе одлучува дали двајцата поранешни градоначалници на Кочани кои се под истрага за пожарот во дискотеката ќе се вратат во притвор. Николчо Илијевски и Ратко Димитровски од вчера се во домашен притвор откако судот во Кочани ги прифати нивните жалби за укинување на ефективниот притвор.

Според одлуката, судот им ги одзел и патните исправи, а добиле и забрана за нивно издавање. Но, со таквата одлука не се согласило Јавното обивнителство, па поднело жалба која утре ќе ја разгледува штипскиот апелационен суд.

Обвинителството не се противело за укинување на притворот, единствено за поранешната директорка на Државниот пазарен инпсекторат, Анета Симеска Димоска па таа од вчера е во домашен притвор.

За трагедијата во Кочани под истрага се вкупно 27 лица за кои обвинителството има основано сомневање за сторено кривично дело, Тешки дела против општата сигурност. Откако за сите беше одреден притвор, жалба за укинување и замена со поблаги мерки за обезбебедување поднеле 22 лица. Судот, таквите барања ги отфрлил за 19 лица па сите остануваат во истражните затвори во Скопје и Куманово.

Со истрагата се опфатени и седум полициски службеници од Штип и Кочани кои според обвинителството одобриле лиценска за кабаре иако, објектот не ги исполнувал условите.