Штипјани се степале покрај Дебарско Езеро
Пет лица од Штип синоќа се степале покрај Дебарско Езеро при што едниот од нив се здобил со полесни повреди.
- Околу 23:45 часот, кај месноста „Удово“ покрај Дебарското Езеро, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад од страна на лицата Д.Д., А.К и А.К. врз Г.С. и неговиот брат Е.С. сите од Штип. Во тепачката, од страна на лицето А.К. употребена е дрвена рачка од секира со која се нанесени повреди врз Е.С., како и оштетување на предната шофершајбна од патничко моторно возило „Даеву“ со штипски регистарски ознаки, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Според него, повредениот Е.С. е пренесен во Општата болница во Дебар од каде, по укажана медицинска помош е пуштен на домашно лекување. Учесниците во нарушувањето на јавниот ред и мир се приведени во Полициската станица од општа надлежност во Дебар, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Кај месноста „Удово“ покрај брегот на езерото лоцирани се поголем број кафулиња, каде биле и лицата од Штип, кои најверојатно под дејство на алкохол се скарале и дошло до физички напад.
Ново на Сител
-
Во Тетово се гради меморијален парк за жртвите во пожарот во модуларната болница
-
Кадарот во хотелско угостителскиот сектор болна тема
-
Заштитена средновековната кула на локалитетот Пирго, дел од одбранбениот систем на Цар Самоил
-
Преглед на вестите од светот
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП