Штипјанец со 3,14 промили алкохол во крвта физички нападнал полицајци
Во саботата навечер, околу 21:10 часот во Штип на ул.„Кирил и Методиј“ во сендвичара, по претходно сторен физички напад под дејство на алкохол и поради продолжување со прекршок, полициски службеници од Штип го затекнале триесет и две годишниот З.М. од Штип, како разговара на мобилен телефон.
Од страна на полицискиот службеник му била дадена наредба да прекине со разговорот и да дојде со нив во полициска станица, со намера да се расчисти физичкиот напад. З.М. ја игнорирал наредбата, по што во еден момент со нозе го нападнал полицискиот службеник, удирајќи го во пределот на десната подколеница, по што истиот бил лишен од слобода и приведен во полициската станица во Штип каде му било извршено алкотестирање и утврдено присуство на алкохол од 3,14 промили.
Од страна на увидна екипа е извршен увид на лице место. Против З.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника