Штип со 29 новозарезени и ниту еден оздравен од Ковид-19

Штип и денеска е втора општина по бројот на новозаразени со коронавирусот на здравствениот билтен. Потврдени се 29 нови случаи, со што бројката на активни во градот на текстилната индустрија се искачи на 409. Епидемиолозите не очекуваат наредните денови да се намалува бројката, бидејќи денеска имале голема гужва на пунктот.
-Нашиот тим само денеска зема вкупно 100 брисеви, дел се нови, но имаме и контролни. Се земаат брисеви од суспектни случаи, на пример ако жената е болна се појавуваат симптоми кај сопругот и го тестираме. Најголем дел од случаите денеска се со упат преку матичен лекар, вели Марија Димитрова директор на Центар за јавно здравје-Штип.
Во штипскиот регион денеска нема регистрирани оздравени пациенти од Ковид-19. Епидемиолозите бараат од граѓаните да ги почитуваат мерките, кои се само три основни правила да не се шири вирусот, а тоа е носење маски, држење дистанца и често миење на рацете.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Нема обвинети за модуларните болници - набавките биле законски, буџетот не бил оштетен
-

Санкционирањето на странци преку Сејф сити создаде километарски колони на Табановце
-

Четири нови случаи со западнонилска треска во Скопје - бројката на инфицирани достигна 42-ца
-

Пожарот во Мариово се уште критичен, активни се уште 7
-

ДУИ бара предвремени избори
-

Амбасадорскиот совет: ЕУ интеграција, заштита на националните интереси и економска дипломатија
-

И годинава ќе има „училишна кошничка“: Владата ќе го спречува поскапувањето на школскиот прибор
