-->
-->
Штип бара пари за реализација на два проекти во руралните средини
-->
Општина Штип ќе аплицира до Министерството за локална самоуправа, преку Бирото за рамномерен регионален развој за реализација на два проекти во руралните средини. Лазар Соколов од Одделението за Локален економски развој во Општина Штип вели дека и за двата инфраструктурни зафати, општината ќе одвои дел од парите за реализација. Првиот проекет за кој ќе бараат пари е изградба на дел од локалниот пат, кој ги поврзува селата Шапаварлија-Кошево-Почивало.- Вкупната вредност на проектот е 1,2 милиони денари. Предвидено е општина Штип да учествува со 10 отсто, односно со средства во висина од 123.007 денари, вели Соколов.
Тој истакна дека вториот проект е реконструкција на водоснабдителен систем во село Љуботен. Се работи за 712 метри водоводна мрежа и обнова на резервоарот за вода во селото. Во ова село жителите со вода за пиење се снабдуваат од неколкуте селски чешми.
- Вкупната вредност на проектот изнесува 921.410 денари, а општината треба да учествува со 51 отсто, односно со околу 469.000 денари, рече Соколов.
Одлуките за аплицирање и за одобрување финансиски средства за учество во двата инфраструктурни проекти ги поддржаа и советниците во Советот на Општина Штип.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
