Штети кај овошките од ниските пролетни температури
Праските и кајсиите се најпогодени од пролетните ниски температури што го зафатија Тиквешко при крајот на април, но штети има и кај младите ластари од лозовите насади.
Според првичните сознанија од терен, штети се евидентирани на помали површини, во локални подрачја како селата Паликура, Сопот, Фариш и Моклиште кои биле зафатени од студените струи.
- Штети има и кај некои сорти од грчката слива. Бадемите кои неколку години наназад трпеа последици од мрзнење, сега не се погодени од ниските пролетни температури, а штети нема и кај крушите и јаболките. Оштетувањата зависеа, пред се, од местоположбата и сортите, вели инженерот агроном, м-р Диме Златев.
Златев додава дека најмногу последици од пролетните ниски температури ќе има во т.н. депресивни места.
Во врска со повикот на општина Кавадарци до земјоделците кои треба да пријават доколку претрпеле штета, градоначалникот Александар Панов изјави дека во некои села штетите се максимални.
- Од жителите на селата Фариш и Раец бев информиран дека за време на ниските пролетни температури претрпеле штети од мрзнење кај земјоделските култури. Според нивното кажување, тоа оштетување на некои места било и стопроцентно. Стапив во контакт со надлежните во ресорното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Одлучивме да објавиме повик на кој ќе се јават сите кои претрпеле штети, информира Панов.
Согласно штетите, нагласи, треба да се очекува и обесштетување.
- Ова е вообичаена постапка кога има елементарна непогода. Анализите на терен ќе ги дадат точните податоци за тоа колкави се навистина штетите. Но, ние ја разбиравме грижата на земјоделците бидејќи голем дел од нив живеат од дејноста. Затоа и го објавивме повикот, напомена градоначалникот.
Ново на Сител
-
2.508 сообраќајни прекршоци во текот на продолжениот викенд
-
Фон дер Лајен: Ииаме се што ни е треба за да ги заштитиме нашите луѓе и просперитет
-
Москва: Не веруваме дека САД ќе го напуштат НАТО
-
Над 340.000 пензионери од денеска ќе добиваат повисоки пензии за 2500 денари
-
За седум дена санкционирани 116 непрописно паркирани виозила на територија на општина Центар
-
Шекеринска - Соренсен: Континуираната соработка меѓу НАТО и ЕУ е клучна за стабилноста на Западен Балкан
-
Објавен Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2025/2026 година
-
Трамп ја спореди пресудата на Ле Пен со своите судски процеси