Штетата од сообраќајките во Албанија 1,5 отсто од БДП
Сообраќајните несреќи во Албанија претставуваат голем проблем, не само од здравствен аспект, туку и од економски, јави дописникот на МИА.
Во извештајот на Светска банка стои дека Албанија има едно од највисоките нивоа на смртност во сообраќајни несреќи во Европа, со просечно 84,7 загнати годишно на 100 илјади возила.
Според Банката. овој податок е најмалку двапати повисок од оној во земјите од регионот, каде смртноста при сообраќајки изнесува од 13,8 загинати на 100 илјади возила во Грција, до 41,3 во Црна Гора.
Доколку се направи споредба со податоците во развиените западни земји, смрттноста при сообраќајни несреќи во Албанија е дури и десетпати повисока.
- Но,освен високата трагична човечка цена,која ја земаат сообраќајките, тие претставуваат и висок товар за економијата. Економската цена од сообраќајките по албанските патишта просечно годишни изнесува околу 130 милиони евра или 1,5 отсто од БДП, стои во извештајот на Светска банка.
Поради вознемирувачките показатели, во април минатата година Светска банка и албанската Влада почнаа заеднички проект вреден 128,5 милиони евра за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Цел на проектот е до 2020 година бројот на загинати во сообраќајни несреќи да се намали на 250 лица, наспроти 295 колку што животот го загубиле во 2013 година.
Ново на Сител
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен
-
Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција
-
Истрага за обид за разбојништво во Битола