Штајнмајер: Неизвесно е какви ќе бидат во иднина односите меѓу САД и Русија

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер изјави денеска во Брисел дека и понатаму е неизвесно какви ќе бидат во иднина односите меѓу САД и Русија.
- За разлика од некои ставови кои ги слушнав, лично мислам дека можностите се целосно отворени кога станува збор видот на односи меѓу САД и Русија, нагласи Штајнмајер.
Како што додаде тој, рестартирањето на американско-руските односи не стана ниту малку лесно во изминатите осум години, со оглед на нивните судири.
Шефот на германската дипломатија наведе и дека неизвесноста во Москва и Киев во врска со прашањето каква политика ќе води новоизбранот претседател на САД Доналд Трамп, значи дека нема многу изгледи за постигнување поголем напредок во примената на Mинскиот договор за примирјето во Украина.
Штајнмајер се осврна и на Турција, нагласувајќи дека таа земја мора да ја преиспита нејзината домашна политика за ЕУ да го исполни барањето на Анкара да воведе безвизен режим за Турците.
Ново на Сител
-

Мециновиќ најавува конкретни решенија за отпадот во Скопје
-

Лабудовиќ најавува субвенции за годишен сервис на лифтови и хидранти - За безбедни згради и сигурни граѓани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Влатко Грозданов, кандидат за градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ
-

Ден на револуционерната борба
-

Герасимовски со итни мерки од кризниот штаб за справување со ѓубрето во Центар, се мобилизираат и другите општини
-

Состојбата со сметот во Скопје е алармантна за здравјето на сите граѓани предупредуваат лекари
-

ДИК одлучува по приговорите
