Штајнмаер: Балканските земји не можеме да ги оставиме сами

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер денеска изјави дека земјите од Западен Балкан не треба да се остават сами во решавање на бегалската криза и затоа Германија одлучила на Србија и Македонија да им даде милион евра за помош на мигрантите.
Тој во интервју за германското радио Дојче веле истакна дека земјите од Западен Балкан се наоѓаат на патот кон ЕУ и не можат истовремено да бидат држави од каде ќе доаѓаат луѓе и ќе бараат заштита во Германија.
Штајнмаер додаде дека вчера во Виена ги потсетил претставниците на балканските земји дека тие ги прифатиле меѓународните хуманитарни норми во многу договори и поради тоа имаат обврски.
- Притоа не треба да ги оставиме сами. Затоа пред неколку дена билатерално одлучивме на Грција да и помогнеме со околу 1,2 милиони евра за згрижување на бегалците. Исто така, е договорено на Македонија и Србија да им дадеме дополнителни еден милион евра за помош на мигрантите, истакна шефот на германската дипломатија, изразувајќи надеж дека и други држави ќе постапат на истиот начин.
Тој потсети, исто така, дека и ЕУ донела слични одлуки.
Штајнмаер нагласи дека намерата на ЕУ не е да го спречи пристигнувањето на воени бегалци од Грција во Македонија и Србија и интензивно разговара со Атина, која тврди дека Турција масовно ги „турка“ сириските бегалци кон Грција.
Ново на Сител
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
