Штајнамер: Расте поддршката за создавање Контакт група за Сирија
Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер по средбата со своите руски, француски и украински колеги во Берлин, изјави дека забележал растечка поддршка за создавање една меѓународна Контакт група за решавање на сирискиот проблем.
На маргините на состанокот, министрите за надворешни работи на Германија и Русија, Штајнмаер и Сергеј Лавров, се согласија денеска да му дадат силна политичка поддршка на пратеникот на ОН за Сирија Стефан де Мистури и на неговиот план за формирање сириска Контакт група, пренесоа британските медиуми.
Де Мистура ги повика завојуваните старни во Сирија да земат учество во работната група предводена од Обединетите нации, која ќе се работи на политички, уставни, воени и безбедносни прашања.
Германската канцеларка Ангела Меркел претходно изјави дека Германија и другите западноевропски сили мораат да работат со Русија, како и со САД, за да се реши кризата во Сирија.
Русија вчера ги повика САД на соработка за да се избегнат „ненамерните инциденти“ додека таа ги одржува поморските маневри во близина на сирискиот брег, во атмосфера на сомневања на американските официјални претставници дека Москва го засилува своето воено присуство во Сирија за да го заштити претседателот Башар ал Асад, својот долгогодишен сојзуник.
Ново на Сител
-
Руте: Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина
-
Мицкоски: Ја разрешуваме неизвесноста во евроинтеграциите со зачестени средби и наши аргументи | ВИДЕО
-
Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет
-
Мицкоски е потврден говорник на годишната Конференција на конзервативците во Вашингтон | ВИДЕО
-
Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“