Шпанската полиција во запленетата нарко-подморница открила над три тона кокаин
Три тони кокаин се откриени во подморницата што беше запленета од страна на шпанската полиција, соопштија властите.
Националната полиција и Министерството за финансии соопштија дека ова е првпат шверцери на дрога да се обидат да ја пренесат до Европа со подморница.
Користењето подморници за шверц на кокаин е многу честа појава во САД.
Во меѓународната операција, во која беше запленета подморницата, учествуваа шпанската, португалската, американската и бразилската полиција.
Кокаинот од подморницата требало да биде префрлен на друг брод, но тричлениот екипаж ја напушти подморницата во саботата вечер кога беа пресретнати кај шпанскиот брег од страна на полицијата.
Двајца членови се од Еквадор и тие се уапсени на копно, а третиот успеал да избега.
Полицијата вчера со кран ја извлече подморницата на пристаниште за да може полесно да влезе внатре.
Властите велат дека подморницата можела да собере пет тони дрога.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Дрисла
-
Голем пожар во Дрисла
-
Тема на денот со Радмила Шеќеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички