Шпанската полиција ја заплени првата нарко-подморница во Европа
Шпанската полиција ја конфискуваше деветметарската нарко-подморница во јужна Шпанија, што се смета за прв ваков брод изграден во Европа, соопшти Европол.
Полупотопениот брод, кој никогаш не бил целосно потопен за време на работата, бил пронајдено во магацин во пристанишниот град Малага, се вели во соопштението на шпанската полиција.
Истражувачите откриле дека тој бил опремен за транспорт до два тона дрога. Таквите подморници ги користат шверцерите на дрога за да избегнат откривање од крајбрежната стража и другите власти.
Бродот во Малага е откриен како дел од големата операција во која учествувала полицијата од Колумбија, Холандија, Португалија, САД и Велика Британија со меѓународни активности координирани од европската полициска агенција Европол.
Уапсени се вкупно 52 лица, а полицијата изврши претрес во 47 домови во Барселона, Малага и осум други шпански градови.
Покрај подморницата, тие откриле и напредна лабораторија во реонот на Барселона, оспособена да произведува 750 килограми дрога месечно, глисер од 15 метри направен од фиберглас, 400 килограми кокаин, 700 килограми хашиш и над 100.000 евра во готовина.
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
