-->
-->
Шпанија се спаси од пораз против Колумбија
-->
Следниот противник на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за Светското првенство 2020, селекцијата на Шпанија се спаси од пораз во дуелот против Колумбија.
На контролниот пријателски меч одигран синоќа во Мурсија, репрезентацијата на Шпанија со голот на Алваро Мората во 87.минута извади „реми“ против Колумбија 2:2.
Иако „црвената фурија“ прва дојде во водство преку Давид Силва во 22.минута, сепак Колумбијците направија пресврт со головите на Кардона (39.минута) и Радамел Фалкао (55). Шпанија од пораз ја спаси Мората со голот на три минути пред крајот.
Шпанскиот селектор Лопетеги на натпреварот со Колумбија не ги користеш: голамнот Де Хеа, Диего Коста, Тијаго Алкантара и Серхио Бускетс.
Контролен натпревар одигра Италија која е во истата „Г“ квалификациска групата со Македонија.
„Азурите“ славеа против Уругвај со 3:0 со головите на Хименез (автоголот – 7.минута), Едер (83) и Де Роси од пенал (89).
Квалификацискиот дуел меѓу Македонија и Шпанија ќе се игра во недела на арената „Филип Втори’’ во Скопје, со почеток од 20 часот и 45 минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
-

Премиерот Мицкоски во посета на Кратово
-

СДСМ: Владата го загрозува партнерството со САД и ЕУ
-

Охрид подготвен за Водици
-

Штипското ЈП „Исар“ годишно губи 2,5 милиони евра од загуби на вода
-

Преглед на вестите од светот
-

Акција за разбивање за злосторничко здружување и перење пари
-

Тема на денот со Бранко Ѓоргевски
