Кошарка
13. September 2022 - 19:45

Шпанците се првиот полуфиналист на ЕП во кошарка

Шпанската репрезентација е  е прв полуфиналист на Европското кошаркарско првенство, откако во Берлин ја совлада Финска со 100:90. Селекцијата на Серџо Скариоло вклучи во петта брзина во последните две четвртини и направи голем пресврт откако Финците подобро го започнаа натпреварот.
 
Финска го доби првиот период со 30:19, во тие мигови имаа фантастичен шут и се им поаѓаше од рака. Шпанија намали на едноцирена негатива (43:52) на одморот, а потоа тргна „фуријата“ на Скариоло.
 
Шпанците ја добија третата четвртина со 30:15 и комплетно ја анулираа негативата минувајќи и во водство. Продолжија со сигурна игра и во последниот период и заслужено се пласираа во полуфиналето.
 
Најефикасен во селекцијата на Шпанија беше Вили Хернангомез со 27 поени. Кај Финците, очекувано, Лаури Марканен постигна 28 поени.