Шон Пен: Неуспешна мисијата „Интервју со Ел Чапо“

Холивудскиот актер Шон Пен изјави денеска дека интервјуто со нарко босот Хоакин „Ел Чапо“ Гузман сакал да покрене дебата за американската војна против дрогата, но оти тоа не се случило и дека затоа тоа го смета за неуспешна мисија.
- Да бидам јасен. Мојот напис не успеа, нагласи Пен.
Пен рече дека целта му била да „фрли светло“ врз американската улога во меѓународната трговија со дрога.
- Ние сме потрошувачи. Било да се согласувате со Шон Пен или не, во прашање е соучешништво, вели актерот во интервју кое во недела ќе биде во целина емитувано на Си-Би-Ес во емисијата „60 минути“.
Пен наведе дека му е жал што во целата расправа околу тој текст се игнорирала суштината.
Холивудскиот актер ги отфрли наводите дека неговиот состанок со Ел Чапо бил пресуден за апсење на нарко босот, како што истакнуваше мексиканскиот обвинител, наведувајќи дека тие се сретнале недели порано, поточно на 2 октомври.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
