Шон Пен на интервју под дејство на лек за спиење

Холивудскиот глумец Шон Пен во ток-шоуто на Стивен Колбер, под дејство на лек за спиење и со цигара в уста ја претстави својата нова книга.
- Се уште го чувствувам ефектот на лекот Амбиен што морав синоќа да го земам поради „црвени очи", изјави Пен на самиот почеток на интервјуто, одговарајќи на првото прашање - „Како сте?“
Кога пак, Колбер го праша како „Шон Пен под дејство на Амбиен" се разликува од Шон Пен без Амбиен", глумецот вели дека нема суштински разлики, па запали цигара, по што домаќинот на шоуто му понуди и пепелник...
- Те молам, немој да пушиш повеќе. Не дека ми пречи. Мислам, и моите родители пушеа, па цигарите ми носат радосни спомени од детството. Но знаеш, сакаме уште долго да бидеш со нас, се пошегува водителот по непримерниот гест на гостинот.
Пен натаму говореше за својата нова книга „Bob Honey Who Just Do Stuff", приказна за трговец кој станува убиец.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Опозицијата точно знаела која е Давор Мацура
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Надзорна расправа во Собранието за Алта банка: Опозицијата бара одговори од власта
-

Мицкоски и Филипче со спротивставени толкувања за Алта банка
-

НБРМ поднесе кривични против функционери на СДСМ за Алта банка
-

Македонска организација се најде на египетска терористичка листа на организации
-

Четири тинејџерки одат во воспитно-поправен дом за бруталното насилство врз 13-годишното девојче од Ѓорче Петров
