Шолц на дводневна турнеја во Западен Балкан
– Германскиот канцелар Олаф Шолц за време на дводневната турнеја низ Западен Балкан, денеска ќе ги посети Приштина и Белград, а потоа и Северна Македонија, Грција и Бугарија.
Според најавата на германската влада, тој прво ќе престојува во Приштина, каде меѓу другото ќе ги посети германските војници во рамките на КФОР. Потоа ќе пристигне во Белград каде ќе има разговори со државниот врв на Србија.
Вечерта ќе отпатува за Грција на покана на неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис.
Шолц ќе присуствува на вечера во Солун со претставници на земјите од регионалната иницијатива „Процес за соработка во Југоисточна Европа“ (ПСЈИЕ).
Шолц утре ќе ги посети Северна Македонија и Бугарија.
Во фокусот на балканската турнеја ќе биде европската перспектива на земјите од Западен Балкан и придонесот на Германија за подобрување на регионалната соработка и надминување на билатералните блокади. Покрај тоа, клучна тема на разговор ќе биде, како што е соопштено во Берлин, заедничката реакција на руската агресија врз Украина.
Ново на Сител
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор
-
Меџити: Во владата нема преговори за промена на грбот
-
Меџити: Се уште не е договорено името на новиот државен обвинител