Шолц: Мислам дека не треба да постои билатерализација на процесот на интеграција во ЕУ

За односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и ЕУ перспективата на Западен Балкан, меѓу другото, разговарале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и германскиот канцелар Олаф Шолц на нивната денешна средба, а двајцата ја истакнаа нивната поддршка за интеграцијата на регионот, јави дописничката на МИА од Атина.
На новинарско прашање за можната блокада од Грција на патот на Албанија кон ЕУ, германскиот канцелар се осврна на земјите од Западен Балкан, велејќи дека треба да се направи следниот чекор и да следи нивна интеграција во Унијата.
-Во изминатите години ги поддржав овие држави и мислам дека не треба да постои билатерализација на процесот што би ја спречила нивната интеграција и мислам дека можеме на европско ниво да најдеме решенија. Разговаравме за односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, се надеваме дека овде може да постои успех, рече Шолц и истакна дека секогаш се на страната на интеграцијата на овие држави, паралелно изразувајќи оптимизам дека ќе се постигне успех.
Дополнително порача дека е важно „проширувањето да биде придружено со зајакнување на способноста за дејствување“, дека е потребно земјите кандидатки да ги спроведат неопходните реформи за влез во ЕУ, како и дека работат во оваа насока.
Од грчката Влада информираа дека за проширувањето на Европската Унија, особено за перспективата на Западен Балкан, Мицотакис го повторил ставот дека Грција ја поддржува интеграцијата, но истакнал дека зависи од напредокот на земјите, особено во почитувањето на владеењето на правото.
Шолц и Мицотакис на нивната денешна средба во Берлин разговарале за билатералните односи, за економијата, миграцијата, како и за темите од европски и меѓународен интерес, односно ситуацијата на Блискиот Исток.
Ново на Сител
-

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал
-

Висоцки: Во руските напади уништени се 90 проценти од логистиката на малопродажните синџири за храна во Украина
-

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела
-

Трамп му објави војна на „одвратниот монопол“ на американските преработувачи на храна
-

ЦУК: Осум активни пожари, три под контрола
-

Работник на телекомуникациска компанија паднал од бандера и починал во Елшани
-

Приведена 23-годишна жена во Македонска Каменица – ја нападнала свекрвата, па фрлила нож кон свекорот
-

Венецуелка нападната во апартман во Скопје, напаѓачот ѝ одзел два телефона
