Шокантно: Се омажи за својот сакан на неговиот погреб

Тајланѓанката Нан Типфарат се омажи за љубовта на својот живот во крајно бизарна ситуација. Таа му се заколна на вечна љубов на својот сакан на неговиот погреб.
Откако Нан се омажи за својот вереник Фиат, фотографиите од церемониата ги постави на Фејсбук.
-Ја сонував нашата венчавка. Видов како се држиме за раце. Почивај во мир, те сакам Фиат. Знај дека нашите соништа се остварија, напиша таа на својот профил.
Фиат, инаку ненадејно почина од силен срцев удар, но тоа не ја спречи Нан да го каже судбоносното „да“.
Бракот сепак не може да се прогласи за полноважен, зошто законот не дозволува венчавка со мртво лице.
Но Нан има свое објаснување.
-Беше тоа мој начин да му оддадам почест во овој живот, зошто знам дека еден ден ќе бидем заедно во вечноста. Го сакав со сето срце и не можат да поднесам што му е одземен животот, заклучи оваа невеста со скршено срце.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
