Живот
27. July 2015 - 12:32

Шокантно: Го спаси детето но не и себеси од ескалаторот кој ја проголта

Една жена загина откако падна во ескалатор во шопинг мол Кина, откако успеа со последните сили да го отфрли своето дете на безбедно.

30-годишната Ксианг Лиујуан се возела со ескалатор во еден трговски во Јингзу, во централната провинција Хубеи, со својот двегодишен син.

Кога стигнале до крајот на екслаторот, таа почнала да пропаѓа, а синчето го отфрлила да не пропадне со неа.

Детето го презеле вработените од Молот кои биле немоќни да ја спасат и мајката.

Таа останала заглавена во ескалаторот уште неколку часа, а пожарникарите по многу обиди успеале да го извадат нејзиното безживотно тело.

До несреќата дошло најверојатно поради тоа што капакот на ескалаторот бил или лабаво или воопшто не заштрафен.

Трагедијата е снимена од безбедносните камери и е со вознемиувачка содржина.