Бизарно но вистинито
28. September 2015 - 15:33

Шокантно - Британец наместо вратата од тоалетот тргнал да ја отвора вратата од авионот

 
Британец е приведен и казнет со 600 евра откако ја помешал вратата од тоалетот со вратата за излез од авионот за време на летот од Единбург до Амстердам. Џејмс Греј добил 5-годишна забрана за летање со компанијата KLM, пишува британски Telegraph.
 
 
Веднаш штом слетал авионот на аеродромот во Амстердам, Греј бил приведен, а потоа и казнет. Тој не знаел дека има забрана да лета со компанијата се додека не се обидел да се врати дома, но екипажот одбил да го пушти да се качи во авионот.
 
„Се обидев да им објаснам дека тоа беше обична грешка и дека е само недоразбирање. Сепак веднаш штом слетавме во Амстердам дојде полицијата и ме приведоа. Не беа многу пријателски настроени“ - вели Греј.
 
Тој потоа морал да позајмува пари за да се врати дома со друга компанија, пишува Mashable.
 
Прашан за инцидентот, Британецот објаснил дека не би ја отворил вратата од авион во лет намерно и тврди дека само ја допрел рачката.
 
„Комплетно сум свесен за последиците од таква постапка“ - вели Греј, кој во иднина ќе мора да лета со друга авиокомпанија.