Бизарно но вистинито
28. September 2015 - 12:08

Шокантно - 11 годишно девојче омажија за 60-годишен старец

Кога Мејгон имала 11 години нејзиниот несовесен татко ја омажил за 60-годишен старец. Авганистанецот си ја продал малата ќеркичка верувале или не за две кутии хероин. Кога наполнила 16 години, девојката се огласила и за National Geographic изјавила дека и е тешко и никогаш во животот не почувствувала љубов од никого. Новинарката Стефани Синглар која разговарала со несреќната Мејгон се боти против продавањето мали девојчиња преку движењето "Премлади се за мажење".
 
Се проценува дека околу 14.2 милиони девојчиња како ова годишно се присилени да се омажат уште пред да наполнат 18 години. Ова е страшна традиција особено застапена во Авганистан, Индија и други земји каде дефинитивно девојчињата немаат воопшто среќа. Тие се изложени на сиромаштија, сексуални односи кои не сакаат да ги имаат, силување, насилство и ропство.
 
Новинарката ја запознала Мејгон кога почнала со своето движење, а кога дознала дека е вратена кај татака си се охрабрила уште повеќе. 
 
- Немам поим што се случило со Мејгон, но сигурна сум дека не беше среќна и едвај чекаше да излезе од тој кафез. Морав да направам нешто, вели таа.
 
Синглар почнала од 2003 да фотографира и други девојчиња кои живеат во пекол со цел да им помогне. Нејзинито движење секако ја свртело јавноста кон овие случувања.
 
Кај овие девојчиња, најголемиот проблем и закана е секако бременоста, бидејќи тие не се подготвени да се грижат ни за самите себе, а не па за бебе.
 
Ова движење помогна на многумина!