Шокантна исповед на славната актерка: Првпат ме силуваа кога бев девојче
Холивудската актерка и активистка Џејн Фонда (79) откри дека во текот на животот неколкупати ја силувале и злоставувале постари и помоќни мажи.
Фонда раскажа шокантна приказна за тоа како првпат била силувана како девојче.
-Сакам да ти објаснам како патријархатот влијае врз жените. Сега можам да признам јавно дека бев силувна и сексуално злоставувана уште како девојче, рече Фонда во интервјуто и додаде дека во текот на актерксата кариера доживеала различни облици на сексуално насилство.
-Доивав отказ зошто не саква да спијам со своите шефови. И секогаш мислев дека тоа е моја вина, дека не сум ја направила вистинската работа или дека сум рекла нешто што не сум смеела, рекла актерката нагласувајчќи дека младите жени често се обвинуваат себеси поради насилството што го трпат.
-Знам многу девојки кои се силувани и кои не сфаќаат што им се случило. Не разбираат или не сакаат да го прифатат фактот дека се силувани. Тогаш си говорат на себеси дека тоа им се случило зошто нивното „не“ небило доволно убедливо, рече актерката.
Да потсетиме, актерката пред неколку години во своите мемоари откри дека и нејзината мајка била жртва на сексуално насилство поради што си го одзела животот кога Џејн имала 12 години.
Ново на Сител
-
35-годишен скопјанец пријавил дека бил тепан од неговата сопруга
-
Украдено возило на АРМ оставено на автомеханичар
-
Во координирана акција запленети 283 килограми шверцуван тутун
-
Бензините и дизелот од ноќеска поскапи за два денара
-
Крводарителска акција на 30 април по повод Светскиот ден на слободата на медиумите
-
Оддадена почит за убиените осум бранители кај Вејце во 2001 година
-
Светска банка: Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП, 2,5 во 2026-та
-
Костадиновски: Уставниот суд има потреба од закон за доуредување, статус кво состојбата нема да донесе никому ништо добро