-->
-->
Шокантна исповед - Добивав шамари и клоци бидејќи не му го погодив кафето
-->

Не тераше мене и децата да клечиме пред него и да му ги бакнуваме рацете. Шлаканици ни делеше намсето убави и топли зборови, раскажува Р. Г (40), која 13 години била во брак со насилник.
Како што вели дека првиот ќотек никогаш нема да го заборави
- Да ме разбудите и од најдлабокиот сон јас ќе знам точно да ви кажам датум и време кога тоа се случило. Причината за ќотекот? Кафето кое му го сварив бепе преслатко. Не заврши само со една шлаканица, туку ме шутираше и ме влечеше за коса, а на крајот ме поли со врелото кафе по раката. Не отидов на лекар, раскажува Р.Г која се плашила да го напушти нејзиниот сопруг биејќи и се заканувал дека ќе ги убие нејзините родители ако нешто раскаже.
Претепана и со опекотина на раката, морала да прави ново кафе. И денеска се сеќава како и се тресела раката додека ставала шеќер во кафето. Кога му го принела кафето, и рекол да седне до него и да гледаат вести.
- Тоа што ме убиваше од ќотек го доживуваше како да не е ништо страшно. Знам дека е грев и дека ужасно звучи, но кога забременив, бев многу очајна. Тоа ете беше плод на мојот страв, со стомакот до грло ме тераше да работам тешки работи, раскажува жената.
Кога се родило бебето, насилникот имал навика грубо да го потресе бидејќи му сметало неговиот плач.
Во брак со могу насилство се родило уште едно дете
- Во породилиштето ми рече дека ќе дојде и ќе ме задави зошто дома му носам уште едно женско бебе. Сите мајки со насмевка на лицето ги дојат своите бебиња, а јас со плачење, раскаува Р.Г за своето минато.
Насилникот редовно ја тепал на нејзиниот роденден бидејќи за него тој ден бил најлош. За среќа, оваа жена конечно решила да го напушти нејзиниот сопруг и сега живее нормален и спокоен живот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
