Шок во Британија: Медицинските сестри носат кабаници за заштита од вирусот
Како што пренесува „Дејли мејл“, болниците очекуваат два авиони наскоро да пристигнат и да им донесат 84 тони медицинска опрема. Според последните информации, авионите би требало да пристигнат за неколку дена, а во меѓувреме болниците се соочуваат со недостиг на медицинска опрема.
Глен Турп од Здружението на медицински работници изјави дека нивните членови се жалеле за тоа каква опрема добиваат, додека истовремено од нив се очекува да бидат на првата линија на одбраната од коронавирусот.
„Ни кажаа дека им дале некаква облека која потсетува на кабаници. Тие се премногу загрижени и исплашени, плачат пред да одат на работа и пред да си одат дома. Јасно е дека нашите членови се загрижени поради ситуацијата и се чувствуваат несигурно кога работат. Имаат чувство дека владата ги оставила на цедило“, изјави Турп.
За тоа колку е ситуацијата сериозна најдобро говори податокот дека некои болници дури и ги переле кабаниците и ги дезинфицирале после употреба, иако требало да се користат само еднаш и потоа да се фрлат.
Ново на Сител
-
Во студентскиот дом „Пелагонија“ решен проблемот со топла вода, се санираат и лифтовите
-
Штип го чествува празникот „Свети Никола“, патронот на градот
-
Форумот за образовани промени предлага субвенциониран меѓуградски превоз за студенти
-
ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите
-
Прегазен 34 годишник во Гостиварско
-
Повторно блокирана работата на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади
-
Зголемена побарувачка на вода во маркетите по најавата за прекин во Скопје
-
Путин до западот: Ајде на дуел, изберете цел во Киев, ќе биде интересно