Џет-Сет
21. March 2017 - 10:51

Шок: Тоше Проески е убиен, екс шпион дава и докази за тоа

Некогашниот шпион и еден од обвинетите за организирање на атентатот на Слободан Милошевиќ Југослав Петрушиќ во емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов ги изнесе своите аргументи и тврди дека смртта на Тоше Проески не бил несреќен случај.

Брзината со која се движел ципот, и неговата половина која удрила во камионот не можела сериозно да го повреди возачот и сопатникот кој седел зад него. Не постои ни теоретска можност силата која делувала внатре при ударот од страна во камионот, бидејќи џипот е робусно возило, има многу јака каросерија, многу е силно и при удар и растурање на тој дел, на другиот дел каде се наоѓале овие луѓе, би имале такви повреди, видливи по телото да мроале да завршат во болница. Воздушните перничиња би морало да се отворат, повредите кои би ги имале по телото морале да ги лечат ако ништо друго, барем 2-3 недели да лежат. Силата е толкава што тие не можеле да излезат неповредени. Не сакам да се интересирам за тоа како го наместиле тоа, но невозможно е, рече тој и додаде:

- Се работи за убиство. Кои се причините и мотивите јас не сакам да навлегувам ниту ме интересира тоа. Само знам дека луѓето зборуваат за тоа, раскажуваат како шарлатани, изјави Петрушиќ.

Да потсетиме, Тоше Проески загина во сообраќајкна несреќа на 16. октомври 2007, на автопатот во Хрватска, додека од Скопје патувл за Загреб. Зад воланот бил неговиот пријател и возач Ѓорѓи Ѓоргиевски, кој во еден момент загубил контрола над возилото и удрил во камион. На задното седиште била менаџерката на Тоше, Љиљана Петровиќ. Тоше настрадал на самото место, додека останатите патници во автомобилот поминале со полесни повреди.