Шојбле повика на создавање на „германски ислам“

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле повика на создавање на „германски ислам“, кој ќе се заснова на принципите на толеранција и на европскиот либерализам и ќе служи како средство за интеграција на повеќе милиони бегалци во европското општество.
- Приливот на мигранти за време на изминатите години ги принуди Германците да ги преразгледаат нивните општествени приоритети, истакна Шојбле.
Министерот побара од неговите сограѓани да увидат што е важно за нив и како сакаат да живеат во општество кое треба да интегрира милиони бегалци.
Потсетувајќи на тажните случаи на сексуални злосторства во Германија и терористичките напади кои ги извршија бегалци, Шојбле побара германските либерални вредности да победат во „овие тешки времиња“.
- Без никаков соменеж, зголемениот број на муслимани во нашата земја денес е предизвик за отворено мислење на германското општество. Не треба да дозволиме во ваква напната ситуација да се појави атмосфера во која добро интегрираните луѓе во Германија ќе се чувствуваат како странци, наведе Шојбле.
Тој, истовремено, ги отфрли ксенофобичните напади врз миграциските центри и раширеното антимиграциско расположение во Германија.
Шојбле вели дека, и покрај растот на ксенофобијата, поголемиот број Германци би рекле: „Да, ние ве сакаме вас (мигрантите) меѓу нас“.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
