Македонија
2. September 2021 - 10:12

Шофер на гостиварски автобус фатен со 100.000 швајцарски франци на ГП Деве Баир

При контрола на автобус пријавен за излез на ГП Деве Баир, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 100.000 швајцарски франци, соопштија од Царинска управа.

– На ГП Деве Баир за излез се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки GV7396АD на превозникот Експрес Туризам од Гостивар, управувано од лицето Х.О државјанин на Р.Турција, кој сообраќа на редовна линија Гостивар – Истанбул. При извршена детална контрола и личен претрес на возачот во внатрешниот џеб на панталоните му биле пронајдени непријавени 2 пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале 100.000 швајцарски франци, информираат царинските служби.

Девизните средства се привремено одземенa со Потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Основниод суд Во Крива Паланка.