„Шлаканица“ од претседателот Мета за Рама и за Баша: Во опасност интеграцијата на земјата во ЕУ
Албанскиот претседател Илир Мета ги критикуваше премиерот и опозицијата за екстремните ставови во врска со решавањето на кризата во која со месеци се наоѓа земјата.
Самозадоволството на политичките лидери, според шефот на државата, ги затвора шансите на Албанија за започнување преговори и е закана за институционалната демократија.
-Имагинарните „победи“ на (Еди) Рама и (Љуљзим) Баша станаа вистинска закана за иднината на земјата, предупредува Мета, преку статус на Фејсбук, со што покажува дека и премиерот и лидерот на опозицијата се уште не се убедени да седнат на заедничка маса за да се стави крај на политичката криза.
Тој додаде дека жртви на овие „победи“ се сите албански граѓани, независно од политичките разлики.
-Мислам на „вистинската“ победа на актуелното мнозинство, кое на неговите еднострани и нелегални избори прогласи победа во 100 отсто од албанските општини. Но и ентузијазмот на опозициските лидери дека тие освоиле 85 отсто е импресивен, заборавајќи дека ќе беше доволно да има, не повеќе од 1/4 од 85 отсто за да постигне реална и институционална победа во огромното мнозинство на единиците на локалната самоуправа, оценува Мета.
Ваквите „победи“, според шефот на државата, не само што ја затвораат вратата на 18 октомври на одлуката за преговори на Албанија со ЕУ, туку може да има и потешки последици врз демократските институции.
И покрај повторените апели за решавање на кризата, од премиерот Рама се уште нема одговор на апелот на Претседателот, додека опозицскиот лидер Љуљзим Баша одбива да седне на маса со премиерот Еди Рама.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови