Шкотски научник ја открил „првата автобиографија на Хитлер“

Првата биографија на Адолф Хитлер, која го претставува во 1923 година како „спасител на Германија“ и го споредува со Исус Христос, изгледа е напишана од самиот диктатор, тврди шкотскиот историчар Томас Вебер.
Станува збор за книгата „Адолф Хитлер - живот и зборови“, првата позначајна биографија на Хитлер, чиј автор е означен со името Виктор фон Корбер.
Вебер од Универзитетот во Абердин објави документи, чувани во јужноафрикански архиви, кои покажуваат дека книгата „речиси со сигурност е напишана од самиот Хитлер како бесрамна, но итра самореклама“.
Тој додава дека во книгата влегувањето на Хитлер во политиката се споредува со Христовото воскресение и содржи термини како светец и спасение.
Вебер изјави дека ги открил архивите, додека ги проучувал оние на Виктор фон Корбер, официјален автор на биографијата во универзитет во Јоханесбург, пишувајќи нова книга за Хитлер.
Тие содржеле писмено признание дадено под заклетва на сопругата на издавачот дека Фон Корбер не ја напишал книгата и оти Хитлер му дал задача на свој близок генерал да пронајде конзервативен писател, кој нема да биде поврзан со нацизмот и под чие име таа ќе излезе.
Ново на Сител
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
-

Ја нападнал поранешната партнерка, па и полицаецот што дошол да интервенира - приведен охриѓанец
