-->
-->
Шкендија против Тракаи за влез во плејофот за Лига Европа
-->
Македонскиот вице-првак Шкендија попладнево го игра реванш дуелот од третото квалификациско коло за Лигата на Европа.
Тетовската екипа има активен резултат во дуелот против литванската Тракаи иако на гостувањето Шкендија беше поразена со 2:1.
Капитенот Ферхан Хасани смета дека неговиот клуб има квалитет да обезбеди плејофот, но дека против литванската екипа ќе мора да се игра трпеливо и паметно, доколку сакаат да го елиминираат тимот на Тракаи.
- Иако загубивме 2-1, имаме добар резултат од првиот натпревар со Тракаи. Ни преостануваат уште 90 минути, а во истите верувам дека Шкендија ќе биде подобриот тим. Во Литванија имавме многу непријатности, направивме неколку грешки. Сепак, и на тој меч покажавме дека сме многу квалитетен тим. Со паметна игра, и со големата поддршка од фановите, мислам дека можеме да ја оствариме целта, вели капитенот Хасани.
Дуелот Шкендија – Тракаи ќе се игра попладнево од 17 часот на стадионот „Младост“ во Струмица
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања