Loading Video...
Фудбал
27. July 2022 - 19:52
Шкендија најавува нова победа со поддршка од навивачите
Фудбалерите на Шкендија играат на високо ниво во конференциската лига и се очекува добрите настапи да ги заокружат со нова победа на утрешниот дуел со летонскиот претставник Валмеира и да се пласираат во третото квалификациско коло. Сепак и покрај успехот во Рига во таборот на Шкендија се внимателни пред реваншот.
Фудбалерите на Шкендија под водството на Артим Шаќири прикажуваат игра со која навестуваат високи дострели во новата сезона. Тимот од Тетово досега не успеа да влезе во групната фаза во европските натпреварувања иако беше доста блиску пред неколку сезони.
„ Утрешниот меч со Валмиера го дочекуваме подготвени. Без разлика на резултатот од првиот меч кој го добивме ние максимално ќе влеземе и на реваншот. Почнуваме од 0:0 и нема теорија да се потпреме на тоа што се случуваше на првиот меч. Нема ништо лесно и ќе покажеме дека заслужено сме победле на гостински терен. Да ја потврдиме победата и на домашен терен. Барам поддршка од навивачите“
Мечот на Арената Тоше Проески се игра утревечер во 20.00ч и доколку Шкендија се пласира понатаму во 3. Рунда од конференциската лига ќе игра со подобриот од дуелот АИК – Ворксла.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->