Македонија
6. December 2023 - 21:17

Ширењето говор на омраза на социјални мрежи треба да се санкционира

Социјалните мрежи вријат од коментари, осуди, линч за грозоморното двојно убиство, случај што го потресе целиот регион. Револтот се зголеми уште повеќе откако денеска се појави фејсбук група насловена Правда за Палчо, Вања, Панче и правда за Македонија. Извесен Тони Десна, што наликува на профил кој лесно би се поврзал со партијата на првоосомничениот, веројатно е креатор на оваа група.

Видео со поддршка за Палчо, коментари и реакции дека сето ова е хајка на институциите против Палевски а тој жртва на целата местенка. Коментари дека никогаш нема да може МВР да ја згасне партијата Десна како што најави министерот.

Експертите за социјални медиуми и комуникологија, сметаат дека секој вид на ширење говор на омраза, повик за линч, смртни казни и слично треба најостро да бидат санкционирани без разлика на која платформа и на кој начин се изнесени во јавноста.

Колку што може да предизвикаат штета, социјалните медиуми како во истиот овој случај можат да бидат и потттик за институциите побрзо да стигнат до завршница.

Од МВР за сител велат, доколку постојат елементи на кривично дело, ќе ги преземат сите мерки.

Наспрои оваа група, на фејсбук се формирани и неколку други со кои се бара правда за 14 годишното девојче кое недолжно беше убиено и за 74 годишниот велешанец. Полицијата, во текот на вечерта повика уште едно лице на распит за  овој случај. Адвокатот Васко Стојков е повикан во станица, бидејќи тој и самиот  пред неколку дена изјави дека со неговото возило на 3 декември,  го однел Љупчо Палевски - Палчо во Белград на преглед и истиот ден се вратил во Македонија. Стојков тврдеше дека тогаш воопшто не знаел дека Палевски е осомничен за двојно убиство.