Шимон Перес во стабилна, но тешка состојба

Поранешниот израелски претседател и добитник на Нобеловата награда за мир Шимон Перес е во стабилна, но тешка состојба, изјави изутринава Јицак Крејс, директор на болницата покрај Тел Авив, во која тој вчера беше сместен по претрпениот мозочен удар.
- Перес ја мина ноќта без компликации, додаде Крејс.
Портпаролот на поранешниот претседател изјави дека 93-годишниот Перес се уште е ставен на апарати за дишење на одделението за интензивна нега.
Перес во јануари претрпе лесен инфаркт и пред една недела му беше вграден пејсмејкер.
Шимон Перес кусо време беше премиер меѓу 1984 и 1986 година и за период од осум месеци по убиството на премиерот Јицак Рабин во 1995 година. Подоцна тој беше избран за претседател и ја заземаше позицијата во периодот 2007-2014 година. На меѓународната сцена имаше репутација на борец за мир и во 1994 година заедно со палестинскиот лидер Јасер Арафат беше удостоен со Нобеловата награда за мир за потпишување на мировните согодби во Осло.
Ново на Сител
-   
          

Евроамбасадорот Рокас ќе го презентира извештајот на ЕК во Собранието
 -   
          

ЕК ќе ги презентира извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ
 -   
          

Повеќе од три милиони патници во САД погодени од колапсот на воздушниот сообраќај по прекин на работата на владата
 -   
          

Пробив во податоците: ФБИ истражува напад врз информациските системи на Универзитетот на Пенсилванија
 -   
          

Премиерот Мицкоски на Самит за проширувањето на ЕУ во Брисел
 -   
          

Променливо облачно со повремен дожд
 -   
          

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори
 -   
          

Шестмина починале во САД по консумирање готова тестенина
 
