Шилегов: Ветената инвестиција во демирхисарка „Застава“ не е реализирана
Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов денеска во Демир Хисар одржа прес-конференција пред поранешната фабрика „Застава“ во која власта, рече, пред седум месеци ветила влез на странска инвестиција и нови вработувања за жителите на овој град, но оти таа не е реализирана.
- Овде требаше да работат над 150 граѓани од Демир Хисар. Се најавуваше и забрзан економски раст на овој крај. Граѓаните на Демир Хисар беа излажани дека реализацијата на договореното е во тек. Како што можете да видите, инвеститор нема. Фабриката „Застава“ е празна, а и ветените стотици и илјадници работни места ги нема, рече Шилегов.
Тој посочи дека оваа странска инвестиција и илјада работни места сега се ветува на граѓаните на Велес и додаде дека не биле реализирани ниту ветените инвестиции на „Веибо“ во Ранковци, на Субрата Рој во Свети Николе.
- Токму заради ваквите лаги 630.000 граѓани ја напуштија земјата во потрага по достоинствена работа и достоинствен живот. Од оние коишто останаа да живеат во Македонија половина милион живеат во глад и сиромаштија. На 11 декември, лагите и политиките што ги осиромашија и изневерија граѓаните ќе го доживеат својот крај, рече Шилегов.
Ново на Сител
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници
-
Паузирана американската воена помош за Украина
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен
-
Работодавачите не прифаќаат минимална плата од 30 илјади денари
-
15.000 жалби за превисоки сметки за струја: За в четврток најавен протест на жителите на Сингелиќ и Арачиново
-
Одложено судењето за сообраќајката во која загина Теодора Ристовска, обвинетиот бил во болница