Шилегов: Не навлегуваме во ничие право на лиценци, инсистирам топлификациската мрежа да се врати на Град Скопје
Не навлегуваме во ничие туѓо право на лиценците. Тоа што инсистирам е топлификациската мрежа која и е дадена на користење на компанијата Балкан енерџи груп (БЕГ), да се врати таму каде што е сопственоста, а тоа на Град Скопје.
Ова денеска го изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој рече дека имајќи предвид дека топлификациската мрежа се води како сопственост на Република Македонија, ќе побара од Владата да ја додели на Град Скопје.
- Ги спремаме перформансите во текот на наредниот месец да ги основаме неопходните правни субјекти, за да можеме во август да побараме од Регулаторната комисија да започне постапка за издавање лиценци и на претпријатието кое се занимава со дистрибуција на топлинска енергија и на претпријатието кое се занимава со гасификација, посочи Шилегов.
Нагласи дека тоа што се обидува е да го врати на Скопје тоа што било одземено во последните 30 години.
- Таа мрежа е сопственост на градот, затоа што дел од средствата или партиципирањето во изградбата на таа мрежа се токму на граѓаните кои со плаќањето на приклучоците и услугите всушност ја имаат изградено таа мрежа. Тоа во 1999 година му било одземено од градот и ќе барам да се врати во сопственост на градот и да ги регулираме тие односи, додаде Шилегов.
Ново на Сител
-
Отворен регионален центар К9 за дресирање кучиња во Ѓорче Петров
-
Поднесено обвинение против две лица за дивоградба во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Се стопираат огласите со „Балансерот“ критериумите - Министерство за администрација издаде насоки до институциите
-
По пораката на ДУИ: Подготвени ли сте?, МВР одговори: Ќе се справиме со сите предизвици за дестабилизација
-
Даути повторно одбива да го стави Законот за бранители на дневен ред
-
Ковачев: Не се потребни посредници меѓу Скопје и Софија
-
Ултрадесничарите победија на изборите во Австрија